На грчкиот остров Крит се појавил крокодил, па затоа властите се мобилизираа за да го фатат.
Крокодилот бил долг два метра и последен пат е виден на брегот на едно вештачко езеро, 15 километри од туристичкото место Ретимнос.
Се очекува утре до езерото да пристигнат експерти и да организираат хајка. Полицаец изјавил дека е поставена ограда околу езерото за крокодилот не дојде до селата и да не ги испаничи жителите. Се наведува дека селаните виделе уште еден крокодил, ама тоа не е потврдено.
Се претпоставува дека крокодилот или е избеган од циркус кој неодамна бил на Крит или некој го чувал како мал, а сега е побегнат.