Кумановец починал во средата попладне откако му се слошило додека возел автомобил.
Несреќата се случила попладнето околу 17.20 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово. Додека педесет ипетгодишниот Зоран Ј. го возел својот автомобил „опел“, најверојатно му се слошило, удрил во жардињера и починал.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.