На лето лудување на тобоганите – Аквапаркот во Карпош во јуни почнува со работа


Веќе се гледаат административната зграда и двете кули каде што ќе има 10 тобогани, меѓу кои светски познатите мултислајд, бумеранг, спејсбо и тобоганот со ноќни ефекти. При крај е и базенот со бранови, а во фаза на реализација се и мрзливата река и детскиот базен, тематизиран според „Пиратите од Kарибите“, пишува „Дневник“.

akva parkОд Спортскиот центар „Борис Трајковски“ најавуваат дека работите ќе завршат во јуни годинава, по што атракцијата ќе биде пуштена во употреба.

Аквапаркот ќе работи во две смени – од 10.30 до 17.30 часот и од 18 до 1 часот по полноќ. Во него ќе бидат вработени 35 сезонски работници, а влезниците ќе чинат од 250 до 350 денари. Според директорот Ратко Kапушевски, тоа е релативно ниска цена за ваков тип објекти во светот, што каде се движи од 20 до 30 евра.

– Цената ќе биде варијабилна заради понудата на фамилијарни пакети, а ќе има и гратис-влезници за тие што ќе го посетат објектот петпати во еден месец – најави тој.

Аквапаркот се протега на површина од 12.000 квадратни метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1