На летот до Финска имало транзит патници, во Македонија влегле без ПЦР тест


Најголем дел од патниците кои викендов од Скопје со авион слетаа во финскиот град Турку, биле косовски државјани. Со косовски пасош патувале 95, со фински 60 лица, а со македонски докименти биле само две лица. Од Министерството за здравство велат дека за овие 157 патници, од кои 24 биле позитивни на Ковид 19, не важеле рестрикциите при влез и излез од земјава, бидејќи биле иселеници или само транзитирале низ Македонија, односно имале европски пасош или дозвола за престој во земја членка на ЕУ.

Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат од Министерството.

Инаку според насоките на Владата и Министерството за здравство, државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои транзитираат низ земјава не треба да приложат ПЦР тест, туку доволно е само да потпишат изјава за транзит и во рок од три часа да ја напуштат земјава.

Инаку токму авионот, во кој најбројни биле косовските државјани, викедов ја крена Финска на нозе, откако по тестирањето на финскиот аеродром се воспоставило дека 24 патници биле позитивни на Ковид-19. Доброволното тестирање било воведено откако властите неодамна утврдиле дека два авиони од земјава и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус.Тие воведоа задолжителен карантин за лицата кои доаѓаат од високо ризични земји каде стапката на заразени е 8-10 слуачаи на 100 000 жители.

Инаку во неделата, мајка со три деца кои биле позитивни на Ковид-19, биле спречени на скопскиот аеродром, да не заминат за Норвешка. И покрај препораките на здарвствените власти, жената не ги послушала епидемиолозите, за задолжителна самоизолација и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила надлежните, па така семејството било запрено пред да се качи во авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1