Ова се вистински случаи на луѓе на кои им пораснале коскени израстоци на главата. документирани и потврдени од лекарите.
Маж од Ziyuan, јужна Кина веќе неколку години по разни светски болници се обидува да дознае што му се случува. На неговата глава растае вистински рог.
Сега има три инчи и сеуште расте.
Хуанг Јуанфан има 84 години рогот почнал да му расте пред две години. ,, докторите не знаат што е, што го предизвикало, не сакаат ни да го отстранат бидејќи според нив само ќе се поврати, сега засега го кријам со шапка,, изјавил Хуанг
Друг случај на човек на кого му растат рогови е Занг Руифанг жена која има 101 година. Таа е од Кина.
Пред неколку години и израснал првиот но во месец март лекарите потврдиле дека почал да и расте и втор рок и тоа точно на спротивната страна од челото.
Оваа жена живее во провинцијата Хенан и одбива да оди на операција за отстранување.
во 2007, ваков случај беше пријавен и 93 годишниот Ма Зонг Нан чии рог има 4 инчи и е на врвот на неговата глава.
Истата година и 95 годишниот Хиоу Линг се појави на насловните страници на кинеските медиуми со 6 инчи рог на нејзиното чело кој дури се превиткувал и паѓал на нејзиното чело. Растел цели 4 години.
Еве ги фотографиите направени пред операцијата и по неа.
во 2006 тата пак Занг Јункаи од општината Хингјанг во Кина исто така почуствувал нешто тврдо на својата глава. Во болницата лекарите констатирале дека е коскена формација која расте и му ја отстраниле бесплатно.
Во февруари 2007 Јемен Обсервер јави за случајот на Салех Талиб 102 годишен на кого му се појавил рог на десната страна од главата кога имал 78 години. Не го отстранил и тој продолжил да расте.
Според лекарите овие рогови се од истата супстанца како човековите нокти – односно Керотим. Овие рогови се безопасни и освен естетскиот не создаваат други здраствени проблеми.
И археолозите се соочувале со мумии на кои имало рогови. Сајре е од Пенсилванија, го добил името по областа во која е пронајден. Се работи за нормален човечки скелет кој има рогови над веѓите.
Го открил Др Донехоо и В.К Морехеад од Академијата Филипс.
Но овие скелети не се испитани бидејќи се украдени на пат до лабараторијата и оттога не се најдени.
Останале само фотографиите кои некои ги оспоруваат.
Слични скелети се најдени и во Wellsville, New York и во рударското село El Paso, во Texas.
Археолозите велат дека порано тоа било знак на престиж и владетели дури и Александар Македонски на некои монети е прикажан со рогови на главата. Во времето на Мојсеј роговите биле симбол на авторитет и моќ.
Сепак во некои места роговите се сметале за зло и се поврзувале со демони. Сатаната е најдобар пример – на сите слики е прикажан со рогови на главата. Исклучок е еднорогот кој е симбол на чистина.