Неделна анализа – Дестабилизација на времето веќе од утре, од петок повторно многу топло


Во Македонија во понеделник ке биде претежно сончево, топло и ветровито. Попладне продор на посвежа влажна воздушна маса која во северените, северозападните и североисточните предели ке донесе врнежи од дожд.

Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар.

Утринските температури од 13°C до 25°C, а максималните дневни температури ке се движат од 27°C до 39°C. Ув индекс 8.

Во Скопје во понеделник ке биде претежно сончево, ветровито и топло. Ке дува доумерен засилен северозападен ветар. Утринската температура од 21°C, а максималната дневна ке достигне до 35°C . Ув индекс 8.

Во вторник во Македонија претпладне ке биде претежно сончево и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици кои ке продолжат и во вечерните часови. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните и југоисточните предели. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен. Ветерот понекаде ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 12°C  до 24°C, а максималните дневни температури ке се движат од 27°C до 38°C. Ув индекс 8.

Во среда ке биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели кек дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од 12°C до 23°C, а максималните дневни ке достигнат до 24°C односно до 36°C. Ув индекс 8.

Во Македонија во четврток ке биде претежно сончево и топло. Попладне нестабилно со можност за локални врнежи од дожд и грмотевици ке има во западните и југозападните предели. Ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели слаб североисточен и источен ветар. Утринските температури ке се движат од 10°C до 22°C, а максималните дневни температури од 23°C до 34 степени. Ув индекс 8.

Во петок стабилизирање на времето, се враќа сончево и топло.
Во петок во Македонија ке биде претежно сончево и топло. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 11°C до 22°C, а максималните дневни температури ке се движат од 28°C до 38°C. Ув индекс 9.

Во сабота сончево и многу топло со пораст на дневните температури. Ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 29°C односно до 39°C. Ув индекс 9.

Превземено од www.weather4all.com.mk

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1