На мајката и признал дека ја убил новинарката: Бил пијан и дрогиран, почна да плаче пред мене


Мајката на 20-годишниот Бугарин, уапсен во Германија поради убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, рече дека синот и признал дека е виновен.

„Призна дека го направил тоа додека бил пијан и многу дрогиран“, му рече Надежда Красимирова на еден бугарски новинар кој живее во Германија.

„Призна и почна пред мене да плаче. Тој не беше таков, не можам тоа да го разберам“, додаде таа.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство за силување и убиство на новинарката и побара негово испорачување од Германија.

Телото на 30-годишната Маринова, водителка на емисија за регионални настани на локалната телевизија, е пронајдено во саботата во парк во близина на дунавското пристаниште Русе.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1