На малезискиот авион имало 80 деца и три бебиња


Меѓу 298 патници и членови на екипажот на „боингот 777“ на „Малезија ерлајнс“, кој во четвртокот се сруши во источна Украина, имало 80 деца и три бебиња, пренесуваат агенциите

Во несреќата на лето МН17 загинаа сите патници, вклучувајќи цело семејство од Индонезија, три деца од Австралија, браќа и сестри, кои патувале со својот дедо. Кукли, боенки и кадифени играчки се расфрлани на сончогледовото поле, каде што падна авионот, покрај телата на настраданите.

avion333Украина синоќа објави страшна, вознемирувачка фотографија од едно од бебињата што настрадале во несреќата со порака: „Русија има детска крв на рацете“.

Високиот функционер на украинската влада Антон Герашченко го нападна Владимир Путин објавувајќи ја сликата.

– Смртта на ова бебе оди на твојата совест. Проклет да си – напиша Герашченко, продолжувајќи ја запаливата реторика што се води меѓу Украина и Русија, кои меѓусебно се посочуваат како виновници за уривањето на авионот.

Досега е потврдено дека загинале 189 државјани на Холандија, 44 малезиски граѓани, вклучувајќи и 15 членови на екипажот, 27 лица од Австралија, 12 државјани на Индонезија, 10 Британци, 4 Германци и 4 белгиски државјани, тројца Филипинци, по еден жител на Канада, Нов Зеланд и на САД. Не се потврдени државјанствата на уште две лица, пишува Би-би-си.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1