Пред 8 години си го убил таткото – завчера се самоубил


Во четвртокот вечерта, околу 19 часот, во дворот на семјната куќа со бесење си го одзеде животот педесет и шест годишниот Миле Јовановиќ од село Иванковци.

selofin1405780299_thumb_medium490_0Човекот кој посегна и го одзеде животот на татко му Раде Јовановиќ, не успеа  да се излекува. Завчера вечер си пресуди сам на себе.

Случката била пријавена во полициската станица во Велес од соседите на Миле. МВР соопшти дека на лице место бил направен увид од увидна екипа. Телото на обесениот човек по наредба на јавен обвинител не било предадено на обдукција туку на семејството и било погребано.

Миле неколку години останал да живее сам во куќата во која претходно се случи убиството на Раде Јовановиќ. И тогаш и сега соселаните не сакаат многу да коментираат за немилите настани. Тие велат оти секогаш постоеле причини за се што му се случува на човекот и додаваат дека последиците не секогаш се посакувани но се дел од животот.

Дума.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1