Необичен диск кој лебди над градбите е откриен на манастирска фреска за која се смета дека потекнува од 16. век.
НЛО истражувачите тврдат дека тоа е само уште една од многуте стари фотографии на кои се наоѓа доказ за посетителите од другиот свет.
Фреската се наоѓа на ѕидот на црква од 14. век во Сигисоари.
Фотографијата ја има направено туристката, Каталина Борта, која ја испратила и на НЛО експертите во Израелската организација за вонземајни и НЛО (ЕУРА).
На натписот на фотографијата пишува „Израел, положи надеж во Господ“, а се претпоставува дека фреската потекнува некаде од периодот кратко по 1523. година, кога Библијата прв пат е преведена на германски.