Од ОНА во Министерство за одбрана, па во џихад – Македонец загина во Сирија


Војувал во редовите на ОНА на Kосово, a потоа и во Македонија во 2001 година, по што следувало „заслужено“ вработување во Подрачната единица на Министерството за одбрана за општина Чаир и потоа во Институтот за духовно наследство на Албанците за на крајот да загине како џихадист на радикалната Исламска држава.

Ова е дел од биографијата на 38-годишниот Сејдула Алили, дванаесетти Албанец кој деновиве загина во Сирија. Алили, чија адреса на живеење е на познатата скопска улица Дижонска, истовремено е и осми жител од општина Чаир што загинал во редовите на најрадикалните исламисти, кои ги гледавме како отсекуваат глави на неистомисленици, пишува Дневник.islamisti djihad terorizam

Случајот со Алили отскокнува од досега познатите џихадисти од Македонија, кои беа, пред се, млади лица, без вработување и со поскромно образование. Напротив, тој имал високо образование, па дури и имал магистерска титула, како и постојано вработување, кое му носело материјална сигурност. Токму неговата плата е предмет на контроверзии и тоа во делот дали му била исплатувана и покрај тоа што веќе не бил на работното место, туку во вооружените формации на најозлогласената терористичка формација. Според тврдењата на доброупатените извори, и покрај фактот што отсуствувал од работа, на негова трансакциска сметка во Македонија редовно му се исплатувала платата. Наспроти ова, од последната установа во која се наоѓал на платниот список, Институтот за духовно наследство на Албанците, одговорните лица тврдат дека доаѓал на работа с` до почетокот на август годинава по што зел годишен одмор и бидејќи не се појавил на работа три дена по завршувањето на одморот, му бил даден отказ. Меѓутоа, медиумите на албански јазик, кои први објавија дека Алили загинал во Сирија, во веста потенцираа дека тој подолго време се борел заедно со џихадистите, односно дека не бил во Сирија само од август, објави весникот.

djihad balkan

Досега медиумите на албански јазик објавија имиња на повеќе од 30 Албанци од регионот што загинале во борбите во Сирија. Освен македонските, на листата се петнаесетина косовски и десетина државјани на Албанија. Седуммина од десетте македонски вахабисти за кои официјално е потврдено дека загинале во Сирија и Ирак биле жители на скопската општина Чаир, а петмина биле од исто маало во населбата Гази Баба. Двајца џихадисти живееле на иста улица, а други тројца на улици во радиус од педесетина метри, во маалото меѓу џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсуз“ за кои Исламската верска заедница (ИВЗ) предупреди дека се преземени од вахабисти.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1