„Ми го убија детето, а лажат дека се самоубил“


Осумнаесетгодишниот Тимотиј Коциќ од село Липовица, кој со пиштол беше убиен од страна на неговиот другар Н.З.(17) завчера е погребан на локалните гробишта.

Кон вечното почивалиште го испратија неговите другари, роднини и пријатели, а покрај ковчегот скршена од болка стоеше мајката Данијела, таткото Саша, братот Самјуел, бабата Зора и дедото Драги. Таткото Сашо беше видно потресен од гласините за наводното самоубиство на неговиот син.timotej-pogreb

-Од тоа се плашев. Немојте по втор пат да му го убивате детето, вели скршениот татко.

Другарите на Тимотиј се огорчени поради неговото убиство.

-Беше прекрасен другар, многу добродушен. Сите му зборувавме да не се дружи со нив зошто се проблематични. И сега по се што се случи, се обидуваат да ја превртат вистината за страдањето на нашиот Тими, дека го уби Н.З. вели девојка која не верува во новата приказна дека момчето се самоубило.

Бобан Н. близок роднина на убиениот вели дека истрагата утврдила дека Тимотиј е помрднуван, иако обилно крварел, како и дека Брзата помош е повикана после еден час.

-Знаеме како се се случило. Знаеме и дека се обиделе да му стават пиштол во рака за да изгледа како да се убил. Но како е можно сам да се убие во грб, зошто тоа му е единствената влезна рана, вели роднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1