На мажот му го отсекла пенисот – тој потоа станал порно актер!


Лорена Бобит се прослави кога пред 21 година на својот сопруг му го отсече пенисот. Покрај тоа, подоцна признала дека по ова немала никакви проблеми во љубовниот живот. Денес таа има 44 години и изразила каење за направеното дело, но открила и дека продолжила со животот. Живее во Вирџинија и се занимава со недвижнини, игра Зумба и собира пари за засолниште за жени. Со својот партнер има 8-годишна ќерка.

Lorena Bobbitt On TrialТаа во 1993-та година претрпела физичка и емоционална злоупотреба од страна на нејзиниот сопруг Џон Вејн Бобит. Една вечер во јуни се вратил дома пијан и почнал да се расправа со сопругата. Лорена на надлежните им тврдела и дека ја силувал, но после овие обвиненија тие пак го ослободиле. Откако заспал таа отишла во кујната, земала нож, се вратила во собата и му го отсекла пенисот. Го оставила да крвари во креветот, “се качила” во неговиот автомобил и возејќи го фрлила пенисот од прозор.

Неколку моменти подоцна сфатила колку е сериозно тоа што го направила и се јавила во 911. Макотрпната потрага резултирала со пронаоѓање на пенисот кој лекарите му го зашивале назад на несреќниот сопруг цели девет часа!

Операцијата на зашивање на пенисот на нејзиниот поранешен сопруг била успешна и тој после тоа снимил неколку порно филмови. Минатата година признал дека после несреќата спиел со 70 жени. Исто така бил на операција за зголемување на пенисот.

otsekla penis“Славата поради отсечениот пенис има и свои предности. Тоа дефинитивно не го загрози мојот љубовен живот, напротив, го подобри”, изјавил тој. Во 2001-та година се оженил со деловна жена, а нивниот брак траел само 23 дена. Година дена подоцна се венчал со жена која исто така ја напаѓал.

Оваа година Лорена обележува 20 години од моментот кога ја прогласија за невина поради привремено лудило. Поротата се согласила дека го нападнала сопругот бидејќи ја испровоцирал, ја силувал и ја малтретирал.  Сега го користи девојачкото презиме, освен во добротворната работа, бидејќи луѓето така полесно ја познаваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1