Деца во „Рингот на смртта“ за да го прехранат семејството


Тајландскиот бокс попознат како „Мау тај“ е боречка вештина во која противниците користат удари со стапала, тупаници, подколеници и лактови, а во Тајланд е национален спорт.

462566_profimedia0181160360_ff

462555_profimedia0181160309_ff

Сепак, помалку пзнато е дека со него се занимаваат и околу 30.000 деца кои влегуваат во платени борби и тоа на седум години ризикувајќи тешки оштетувања на мозокот и губење на памтењето. За време на тренинзите тие трчаат по осум километри, а мускулите ги билдаат со кревање на импровизирани тегови.

462560_profimedia0181160329_ff

И покрај ризикот кој го носи овој спорт по здравјето на децата, тој не е нелегален и единствено нешто што е потребно за да се борат во ринг е согласност од родителите. По правило, младите борци треба  да носат заштитна опрема, што во пракса ретко се случува.

 462563_profimedia0181160339_ff 

Во сиромашните делови на Тајланд, како што е покраината Исан, родителите се решаваат на ова поради паричните награди кои ги добиваат победниците, дури и по цена на сериозни повреди кои може да им се случат на нивните деца.

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1