Со лисици на рацете завршила 55-годишна жена од Грција, сопственичка на кафуле во село Пиериас.
На менито со кафиња и пијалаци, Гркинката нудела и 40-годишна Бугарка за „специјални“ услуги, објави весникот „Бугарски новини“.
Од полициската станица во Агиос Пантелејмонас соопштиле дека во саботата одделот за истрага на полицијата во Kатерини направил проверка во барот на 55-годишната Гркинка.
Двете жени биле уапсени и против нив е поднесено обвинение.