На Министерот Адеми не му е јасно зошто протестирале студентите – некој стоел зад нив


Министерот за образование Абдулаќим Адеми изјави дека вчерашниот студентски протест против екстерното тестирање не бил организирал од студентите, туку некој друг стои во позадина.

ademi-abdulakim-630x472
– Примив писмо во кое нема ништо конкретно за екстерното оценување. Има барање за оставка на министер, а се знае дека оставка секогаш бараат политички партии, а не студенти. Подготвив одговор на писмото но, за жал, не можам да го доставам зашто во писмото нема ни име ни адреса. Деновиве очекувам да добијам име на организаторот и адреса, за да им пратам одговор, а ако не добијам, тогаш јавно ќе одговорам преку средствата за јавно информирање, изјави Адеми за медиумите.

1660548_1563103613919922_3166385808827198460_n

Според министерот, протестот е легитимно и гарантирано право на секого во демократско општество, но се уште не му е јасно зошто студентите протестираат .

– За мене е несфатливо зошто протестираа кога сè уште немаме утврдено дали ќе воведеме екстерно оценување или државен испит во високото образование и сè уште не е утврден моделот. Кога ќе одлучиме и ќе утврдиме, тоа ќе биде споделено прво со универзитетите и студентите, а потоа и со јавноста, рече Адеми.studentski protesti

Адеми вели дека до средината на декември ќе се одлучува дали ќе има екстерно за студентите или не, преку дебати со универзитетите и студентите.

Доколку се усвојат измените, студентите ќе го бранат своето знаење преку државен испит, кој ќе биде комбинација од сите изучени предмети и од сите години на студирање.

Студентите на сите државни и приватни универзитети во земјава ќе треба да полагаат државен испит на крајот на втората и четвртата година од студиите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1