Една жена и еден маж се убиени во едно кафуле во Осијек, откако маж отворил оган на нив, по што останал внатре заедно со заложници – гости во кафулето.
Според полицијата мотив за убистото е најверојатно љубомора, а убиствата ги извршил Ивица Перичевиќ викан Муса, кој со автомобил влетал во кафулето и пукал во својата сопруга Слаѓана и во еден гостин со име Драго.
Ивица и Слаѓана имале две малолетни деца на возраст од 14 и 16 години.
Пред да ја убие жената, тој телефонски разговарал со својата ќерка.
Кога го завршил разговорот испукал 20 куршуми во својата сопруга, убил уште едно лице кое се обидувало да го наговори да не пука и на крајот сам си пресудил.
Неколку часа траела драмата во кафулето . Полициските специјалци долго време се обидувале да го наговорат да не се убива и да се предаде, но тој не ги послушал и на крајот сам си пресудил.