На оној што ќе му заврне на одмор, ќе добие гратис одмор


Туристичка агенција од Абу Даби пронашла нов начин да ги продава аранжманите на потенцијалните посетители.

„Етихад холидејс“, одделението на истоимената авио-компанија, им ветува на туристите бесплатно летување во Абу Даби, доколку за време на нивниот престој во рамки на аранжманите кои ги нуди оваа агенција, ќе паднат минимум 5 милиметри дожд.cador plaza

Понудата се однесува само за посетителите од Велика Британија, а се поклопува и со отворањето на нивно преставништво во Лондон.

Според проценките, повеќе од 230.000 Британци во 2015 година патувале за Абу Даби.

Поентата е во тоа што понудата важи само помеѓу 1 мај и 30 септември, во најтоплите месеци на годината, кога станува збор за Обединетите Арапски Емирати.

Во екот на летото, овде температурите се искачуваат и до 48 степени Целзиусови, додека влажноста на воздухот е повисока од 80 проценти.

Просечната температура е 41 степен Целзиусов, а минималната 31 степен.

Наспроти високата влажност на воздухот врнењето на дожд во ова време од годината речиси и го нема. Просечните врнежи на годишно ниво изнесуваат околу 12 сантиметри, а од тоа најмногу дожд паѓа помеѓу ноември и февруари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1