Вирусот Зика во Македонија?


Тримесечното бебе од Дојран со видлива аномалија во делот на черепот и со мала глава е донесено на клиниката за детски болести по препорака на педијатар од Струмица. Напарвени се анализи кои покажале дека не станува збор за рутински вируси.detska klinika nokj

Дететото било родено со аномалија која е најверојатно предизвикана од вирусот ушште во првите 3 месеци од бременоста кога настанува развојниот период на мозокот и на другите органи. Мајката во тој период патувала во Грција. Била касната од комарец што е особено важно во случајов бидејќи токму овие инсекти го пренесуваат вирусот.

Прскањето против комарци е една од мерките кои недамна ги препорача државниот санитарен и здравствен инспекторат Решенија се дотавени до сите општини меѓу кои и до Дојран од каде е мајката. Таму минатата година биле извршени неколку прскања, а за оваа треба да почнат на почетокот на мај.

Резултатите за евентуалното приство на вирусите Зика и ДЕнга се очекуваат за неколку дена. До тогаш се очекуваат одговори на многу прашања. Со оглед на тоа дека бременоста на мајката според нејзино тврдење била редовно следена спорно е како гинеколозите не ја забележале аномалијата кај плодот бидејќи ваквите деформации се видливи на ЕХО. Инаку, вирусот Зика , е појави во мај минатата година во Бразил, но брзо се прошири низ сите делови на аМЕрика . За него за сега нема лек, а инфекцијата предизвикува зголеменат температура , конјуктивитис и главоболки. Најопасен е за бремените жени, бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1