На островот во Преспа откриена монашка куќа-колиба од средниот век


Во рамките на археолошки истражувања на островот Голем Град – Преспа, кои во континуитет се изведуваат од 1968 година, откриени се архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот период.

golem-grad-prespaСкромните керамички фрагменти и неколкуте бронзени монети упатуваат дека се работи за монашка куќа-колиба од средниот век. Материјалните остатоци од пронајдениот објект има научна вредност поради фактот што станува збор за први пронајдени архитектонски остатоци од објект за живеење од средновековниот период на овој остров.

Сите други досегашни истражувања беа фокусирани на сакралните објекти, односно малите еднокорабни цркви, и на некрополите околу нив. Меѓу поважните наоди што се откриени во рамките на истражувањето е и разновидниот нумизматички материјал, меѓу кои и бронзена монета од македонскиот крал Персеј, доцноримски бронзени монети, средновековни сребрени монети и средновековни чанкасти бронзени монети.

Според археолозите, островот Голем Град има голем археолошки, но и културен потенцијал. Овој споменик на културата сè повеќе се наметнува како едно од најрепрезентативните облежја на Република Македонија во светот, за што зборува секојдневното присуство на околу 50 странски туристи во текот на летните месеци, соопштува Министерството за култура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1