Ова 30 годишно момче ја планирало својата свадба, кога лекарите му дијагностицирале рак на црниот дроб и тоа во поодмината фаза. Му кажале дека нема уште многу, а неговата вереница, решила да му ја исполни последната желба и да се венча со него во присуство на роднините и пријателите.
Роуден Гоу и Лејзел Меј сакале да се венчаат во јули бидејќи тој месец Роуден полнел 30 години, па сакале да ги спојат двете среќни случувања. Веќе живееле заедно и имале 2-годишна ќерка.
Неговите родители успеале за само 12 часа да организираат свеченост во болница. Роуден не можел да стане од креветот, па невестата стоела крај него.
Само една личност била весела, бидејќи не знаела дека ќе остане без својот татко: 2-годишната ќерка на парот, облечена во бело, гордо позирала со бидермаерот на својата мајка.Роуден починал на 11-ти јуни, само 10 часа откако кажал “да”.