На овој остров сите жители се потомци на само еден човек (Фото)


На еден од островите Кук, од корално потекло, нема ниту убиства, ниту кражби. иМА 62 жители. Таму нема криминал, ниту стрес, а најблиското населено копно е на 4.800 километри. Мештаните кои речиси сите се потомци на Англичанецот Вилијам Марстерс, не користат пари, туку практикуваат стокова размена. Горивото и намирниците кои не можат да се најдат на островот двапати во текот на годината се носат со бродови. Патување до таму е можно само со бродот од Тахити и трае 9 дена.

419703_ostrvo3_fЖивотот во Палмерстоун е прилично едноставен. Островјаните преку недела ловат риба, единствена сировина која се извезува, а за викенд се собираат во црква и се бањаат. Струја и интернет имаат само по неколку часа во текот на денот, а островот располага со два заеднички тоалети. Наместо обична вода, се користи дождовница.

„На Палмерстоун никој не с етепа и ништо не може да тргне наопаку. Научивме да делиме се што имаме. Ако еве на пример, снемам ориз, ќе го замолам соседот да ми позајми малку и тој го прави тоа со задоволство“, вели градоначалникот Боб Марстерс.

Сепак, голем предизвик претставуваат бурите како и фактот дека бродовите со токови резерви можат да задоцнат. Еднаш брод чекале 18 месеци.

419704_71877043williammarsters304_hf

На островот нема стоматолог, па најстарата жителка Ака(92) морала да отпатува во Раротонг, престолнината на островите Кук, од каде се вратила дури после шест месеци.

Поради малиот број жители, мештаните од островот склучуваат бракови со свои роднини.

„Сестра ми и јас имаме шест деца, едно од нив е заостанато во развој“, вели БИл Марстерс.

300 луѓе живееле на островот во периодот меѓу 1950 и 1970 година, но многумина заминале во потрага по партнер или образование.

Ова парченце копно во непрегледниот океан прв го наследил Вилијам Марстерс со жената и две други нејзини роднини пред 150 години. Таму како чувар го испратил тогашниот сопственик на островот, британскиот трговец Џон Брендер. По смртта на Брендер, кралицата Викторија ова место му го доделила на Вилијам, кој подоцна со сопругата добил 23 деца. Од 62 жители кои моментално живеат на островот, само две учителки и една медицинска сестра не се негови директни потомци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1