На плажа во Њујорк откриено тело на маж со зацементирани нозе


На брегот на њујоршки Бруклин, на Менхетен Бич, откриено е тело на човек чијашто глава била замотана во самолеплива лента, со врзани раце и нозе кои биле ставени во кофа со цемент, пренесува во петокот Sky News.pronajdeno_telo_vo_vardar

Човечките останки, спакувани во пластична кеса, ги открил случаен минувач.

Во одделот на полицијата во Њујорк изјавиле дека мртовецот е идентификуван како 28-годишниот Питер Мартинез. Според сознанијата на полицијата, Мартинез бил припадник на њујоршката банда „G Stone Crips“ и повеќе од 30 пати бил изведуван пред лицето на правдата.

Во февруари годинава Мартинез одеднаш исчезнал, што во полицијата го пријавила неговата девојка.

Според популарната њујоршка легенда, на сличен начин своите жртви ги казнувала италијанската мафија. Меѓутоа, според полицијата овој случај на ваков вид егзекуција е првиот кој може да се документира.

Сепак, според Sky News, во 1941 година во Њу Џерси и во 1964 година во Њујорк, исто така, биле откриени тела на жртви чиишто нозе биле ставени во бетонски блокови

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1