На почеток на 2020 година просечната пензија ќе изнесува 15 500 денари


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, информираше за одлуката за зголемуваше на пензиите.

Според неа покачувањето на просечната пензија изнесува 1746 денари.

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.

– При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите. Затоа во член 37 од законот интервенираме и велиме во случај кога минималната плата расте со над 15 отсто и просечната плата во претходната година над пет проценти ги усогласуваме пензиите трет пат до максимум до растот на просечната плата во државата, рече Царовска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1