На пола лекување – 14 лекари одлучиле да не се плаќа повеќе за Кико


Малиот херој Христијан кој е на лекување во една германска болница, и по третпат му е трансплантирана коскена срцевина, а се одржува со хемотерапија за да може да ја победи болеста, за која лекарите с` уште не можат да постават точна дијагноза.

96987958F0E8B14F9A2EEC0E1AD29D08

Kико уште како новороденче страдал од ретко заболување, па за нашите лекари единствено решение им било да го испратар на лекување во некоја голема европска клиника за деца. лекарските комисии кои одлучуваат за лекување во странство, сметале оти се исцрпени сите можности за спас на детето. Четиринаесет врвни лекарски имиња едногласно донеле решение да се одбие последното барање за продолжување на лекувањето, со образложение дека нема медицинска индикација и оправданост за продолжување на лекувањето, велат од Фондот за здравство

Н` оставија на цедило! Фондот за здравство веќе не ни го плаќа лекувањето. Живееме во страв дека ќе мора да се вратиме во Македонија на половина лекување и дека ќе го изгубиме детето. За среќа, д-р Милер, од Kлиниката „Епендорф“ во Хамбург – Германија, одговорен за Kико, не се откажа, не се откажуваме ниту ние како родители, вели за Дневник Драган Тодоровски, татко на Христијан кој веќе една година се бори за живот и за болеста за која докторите с` уште немаат име.

Ако не му веруваат на германскиот колега и не го ценат неговото мислење, зошто праќаат или праќале и други пациенти тука? Точно е дека е скапо. Но, нека направат центар за трансплантација во Македонија, ние ќе бевме пресреќни дома да ги водиме битките. Сепак, дома си е дома, вели Драган, татко на Христијан.

Но, од Фондот за здравствено осигурување се категорични и велат Искористени се сите законски можности за продолжување на ова лекување. За Х.Т., на товар на ФЗОМ е одобрено болничко лекување и трошоци во износ од 347.519,62 евра. Одобрено е и продолжување на болничкото лекување за 30 дена без дополнителни трошоци. Потоа е одобрено продолжување на лекувањето за уште 30 дена и уште во два наврата е одобрено продолжување на лекувањето, велат од кабинетот на директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Паранџиева-Змејкова.

Целата сторија на – dnevnik.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1