На поранешна мис на Турција ќе и се суди поради навреди на Ердоган


На поранешната мис на Турција Мерве Бујуксарач ќе и се суди поради тоа што наводно објавила песна на Инстаграм, во која се навредува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Таа вчера за тоа сведочеше во обвинителството во Истанбул и наведе дека не и била намера да го навреди Ердоган, пренесува весникот „Заман“.miss erdogan

Поранешната мис имено споделила на својот Инстаграм профил песна која содржи изменети стихови на турската химна во која се навредува претседателот.

Бујуксарач која беше мис на Турција во 2006 година, рече дека не ја напишала лично песната „Поезија за претседателот“ и оти тоа го поделила на својот Инстаграм профил бидејќи и било смешно, додава „Заман“.

Таа ја додала дека ја поставила песната на својот профил наспроти тоа што пријателите ја предупредиле дека поради тоа може кривично да одговара.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1