„Две бабици ми го стискаа стомакот за бебето да излезе побрзо. Кога бебето беше извлечено на сила имаше хематом на главата, модар врат и модринки по целото тело. Велеа дека ме губат и неколку пати ми даваа кислород. Неколку пати загубив свест. Беше ужасно“.
Вака за српскиот Курир 21-годишната Тамара Станковиќ од Србија чие новороденче починало поради грешка на бабиците, ја раскажува својата страотна приказна.
Драмата се одвивала на 3-ти октомври наутро, по четири часот на Гинеколошко-акушерската болница во Алексинац.
Претходно, младата мајка 22 часа ја држеле под контрола. На сила и го дупнале водењакот, ја измачиле и неа и бебето, а потоа и покажале дека е мртво.
Не можела да гледа, но вели дека ја натерале. Бебето било тешко 3,390 килограми и долго 54 сантиметри.
По смртта на бебето е наредена обдукција. Се уште се чека на резултатите.