На Путин му понудиле 300 милијарди долари да му забие нож во грб на Асад – еве што рекол


Рускиот претседател Владимир Путин наводно одбил 300 милијарди долари за да го сруши сирискиот лидер и својот пријател Башар ал-Асад.

Таа непристојна понуда на рускиот претседател му ја дал саудискиот шеик и министер за одбрана на таа земја Мухамед бин Салман, но Путин го одбил.217353_putin-afp_f

Тајниот состанок помеѓу Путин и Бин Салман се одржал во Сочи. Саудискиот министер допатувал во тоа летувалиште како би присуствувал на трките на Формула 1.

Средбата помеѓу Путин и министерот била зад затворени врати, но либискиот извор кој присуствувал на состанокот пренел за што станало збор.

Тој извор вели дека Бин Салман без заобиколување се обидел да го наговори Путин да го остави на цедило својот пријател Асад.

Саудискиот министер на Путин му дал примамлива понуда велејќи му дека Саудиското кралство и Катар се подготвени да му уплатат 300 милијарди долари, со цел Русија веќе да не го помага сирискиот претседател, кој во тој случај би бил поразен.

Меѓутоа, рускиот лидер ова го одбил велејќи дека Руската влада не е мафијашка организација која ги убива пријателите во замена за пари, пренесе Србија Данас.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1