На само неколку километри од Скопје се наоѓа „џихадистичката престолнина“


Местото Качаник на југот на Косово се здоби со неславна репутација Џихадистичка престолнина на Балканот, бидејќи голем број на негови жители отишле да се борат на страната на исламската држава во Ирак и Сирија, пишува Британскиот “Dejli telegraf”.

Telegraph-620x400

Еден од нив, Лаврим Мухаџери (25), кој минатото лето објави на својот ФБ профил фотографија на која се гледа како на еден заробеник, осомничен за шпионажа против исламската држава му ја отсекува главата.

На друга фотографија, Мухаџери, убива еден Сириец, испалувајќи врз него граната од рачен минофрлач.

Министерството за внатрешни работи проценува дека околу 300 жители на Косово тргнале по стапките на мухаџедините.

На Косово, заедно со Албанија, од која тргнале 200 џихадисти, и Босна и Херцеговина со околу 160, се гледа како на потенцијална “лансирана рампа” за Исламската држава во нејзиното настојување да воспостави нов фронт против Европа на Балканот, пишува британскиот весник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1