Лидерот на радикалите Војислав Шешељ кој веќе 12 години е во притвор во Хашкиот трибунал и на кого му беше дијагностициран рак, е во животно загрозувачка состојба. Пациенти со неговата дијагноза живеат од 6 месеци до една година предупредуваат лекарите. Лани, на Шешељ му беа отстранети 30 сантиметри од дебелото црево.
„Здравствената состојба на Шешељ е сериозна, со елементи на запуштеност во лекувањето“, изјавил д-р Милован Бојиќ, шеф на докторскиот тим од Србија, кој го прегледа Шешељ во Хаг.
„Човекот не се лекува правилно. Не примил 12 терапии. Метастазите можат да се шират “ вели докторот.