Ако ви касни лекарот пријавете кај директорот… ако 3 пати пријавите и не реагира добива отказ


Лекарот може да задоцни на закажан преглед најмногу до 15 минути, или ако задоцни повеќе, мора да има оправдана причина, како итен случај или отсуство од работа поради болест. Ако, пак, лекарот неоправдано задоцни или не се појави на закажаниот термин на преглед, тогаш пациентот може да го пријави кај раководителот или кај директорот на болницата.lekar44

Тие треба да поведат дисциплинска постапка за лекарот и за исходот во рок од 15 дена треба повратно да го известат пациентот кој го пријавил. Во спротивно пациентот може да се жали до Министерството за здравство, па што следува казна за директорот. За доцнењето на преглед или отсуството на лекарот, мора да има назначено лице кое ќе ги информира пациентите и ќе стои во чекалницата.

Ова се дел од измените во Законот за здравствена заштита кои денеска ги обелодени министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека има за цел подобра здравствена услуга, како и да се подобри односот на здравствените работници кон пациентите.

– Директорот ќе биде разрешен ако двапати последователно или трипати во текот на една година му била доставена претставка со која пациентот изразува незадоволство поради неприменување и непочитување од здравствените работници на принципите и правилата на однесување и работење утврдени со протоколот за хоспитална култура, но тој не формирал комисија за дисциплинска постапка за дисциплинскиот престап, ниту донел решение за изрекување на дисциплинска мерка. Во тој случај министерот е должен да го разреши во рок од 15 дена од дознавањето на основата за разрешување. Ако не го разреши, министерот ќе плати глоба од 15.000 евра – истакна Тодоров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1