На што ќе се греете оваа зима? – На дрва најевтино, најскапо на струја!I


Пресметките говорат дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 12.000 до 20.000 илјади денари годишно. Просечната сметка за парно греење на стан од 60 метри квадратни изнесува околу 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно, додека кај домаќинствата што се греат на електрична енергија за просечна зима потребно е да се одвојат од 25.000 до 30.000 денари или од 4.000 до 5.000 денари месечно за струја, пишува Сител.
Како да се помине зимата што доаѓа? Дали домовите да се греат на струја, дрва, јаглен или парно? Ова е постојана дилема за оние домаќинства кои не се приклучени на централното греење. Дали и оваа година греењето на дрва ќе биде најевтина варијанта?
ogrev-drva-ugaljПресметките говорат дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 12 до 20 илјади денари годишно. Просечната сметка за парно греење на стан од 60 метри квадратни изнесува околу 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно, додека кај домаќинствата што се греат на електрична енергија за просечна зима потребно е да се одвојат од 25.000 до 30.000 денари или од 4.000 до 5.000 денари месечно за струја.
Во земјава повеќе од 130.000 домаќинства се греат на огревно дрво. Токму затоа ЈП „Македонски шуми” годишно продава од 500 до 550 илјади метри кубни огревно
дрво.
Експертите велат дека просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 метри кубни огревно дрво. Доколку зимата не е многу студена, за загревање најчесто се неопходни околу шест метри кубни дрва.
И летово, како и претходните години цената на огревното дрво за лицата и семејствата кои се социјално загрозени е намалена од 10 до 15%.
parnoИнаку просечната пазарна малопродажна цена за метар кубен буково огревно дрво се движи од 2.600 до 3.200 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по метар кубен. Пресметките според овие цени говорат дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 12 до 20 илјади денари годишно.
Во Македонија во моментов централно греење има само во Скопје, иако мрежа има и во Битола, но поради нерентабилноста веќе неколку години воопшто не се користи.
Во моментов во Скопје речиси 55.000 домаќинства се греат на колективно централно греење. Податоците на Балкан енерџи груп (БЕГ), главниот снабдувач со топлинска енергија во Скопје, покажуваат дека 36% од потрошувачите во главниот град се корисници на топлинската енергија што тие ја испорачуваат.slika-pecka-482x272
Просечната сметка за греење на стан од 60 метри квадратни изнесува околу 2.000 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4.000 денари ако се плаќа на шест рати. Останатите 64% се греат на дрва и фосилни горива и електрична енергија.
Сепак од август годинава домаќинствата кои се приклучени на Балкан енерџи груп (БЕГ) плаќаат за 4,69% помали сметки. Цената на топлинската енергија што ја испорачува ЕЛЕМ-Енергетика исто така се намали за 4,09%, а греењето од Скопје-Север поевтини за 0,48%.
Пресметките и досегашното искуство кај домаќинствата што се греат на електрична енергија покажува дека за просечна зима потребно е да се одвојат од 25.000 до 30.000 денари или од 4.000 до 5.000 денари месечно за струја. Најголемиот дел од домаќинствата користат струја за индивидуално парно или се греат на термо печки или клима-уреди.
Експертите укажуваат дека клима-уредот троши најмалку струја во зима, а радијаторите се најголеми потрошувачи, бидејќи немаат добра терморегулација. Според нив големи потрошувачи се и калориферите и затоа се препорачува и тие помалку да се користат за дополнително загревање.
Во Србија најевтино греењето на струја
Слични калкулации се прават и во земјиве од регионов. Во услови кога сите стравуваат од можна гасна криза, најголемиот дел од семејствата во Србија ќе се греат на струја и парно. Калкулациите покажуваат дека најевтино ќе им биде греењето на струја, бидејќи во Србија уште не е коригирана цената на електричната енергија и таа е најевтина во регионот. Од друга страна огревното дрво има поголема цена во споредба со нашата земја.
Српските економисти утврдиле дека ако струјата и по први јануари 2015 година не биде коригирана, домаќинствата што ќе се греат оваа зима на струја ќе имаат најмалку трошоци.
Заради актуелната криза меѓу Русија и Украина речиси неизвесно е снабдувањето со гас поради што топланите се подготвени да го префрлат производството на топлинската енергија на мазут што е поскапа варијанта и токму навреме бараат корекција на цената.
Sitel.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1