На што не тера западот: Геј брак може – ама абортус ни под разно ?!?!


Последните децении присуствуваме на прифаќање на хомосексуалноста како клучен показател на модерност.

По масовното гласање за геј брак во Ирска, луѓето почнаа да се прашуваат: добро, Ирска сега има геј брак, а кога ќе го легализираат абортусот? Амнести токму води одлична кампања по тоа прашање, кое ни открива нарушувања до кои дојде во матрицата на либералното мислење. Се откри дека на луѓето полесно им е да прифатат истополен брак од репродуктивните права на жената. И решението на овој проблем не оди како по лој. Истите културни војни се водат и во Америка, од каде и потекна овој израз. И таму некои републикански сенатори се залагаат за истополен брак, но и понатаму се жестоки борци против абортусот.protest zakon abortus

Тоа никако не значи дека жените немаат абортуси. Кога пред 30 години првпат дојдов во Даблин, на жените под маса им се оставаа англиски броеви на телефони. Ирска буквално го извезува своето нерешено прашање за абортусот. Само што тогаш Иркињите во Англија стигнуваа со брод, а сега исто бледи и исплашени, официјално бројот им е 4.000 годишно, стигнуваат со летови на Рајанер.

Имаше неколку медиумски сокриени случаи, како што е случајот со Савита Халапанавар, која починала бидејќи докторот изјавил дека не умира доволно за итна интервенција. Животот на жените сеуште се смета за помалку вреден од животот на фетусот, кој не може да преживее самостојно. На силувана 14 годишна девојка која абортира сеуште и се заканува можност од затвор.

Нема потреба да ги набројувам сите аргументи во прилог на женската слобода на избор. И хомосексуалноста порано беше сфаќана како зло, но тука работите се променија на подобро. Либералниот поглед на светот вели дека хомосексуалната љубов е прекрасна и дека жените имаат право на слободен секс.

Бракот сето тоа го поврза во систем во кој репродуктивното право на жената останува закана во тој систем. Да кажеме отворено: полесно е да се продаде голема истополна свадба, отколку олеснување кое многу жени го чувствуваат по прекин на несакана бременост.

Целиот текст на – Алфа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1