На сметката треба да видите 8.500 денари – казни за газдите кои нема да исплатат


Сојузот на синдикати на Македонија потсети дека до крајот на годината во приватниот сектор треба да се исплати регресот за годишен одмор односно К-15. Од Синдикатот истакнуваат дека регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во годината кај ист работодавач.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.denari-1_011110

Од ССМ потсетуваат дека со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се исплати регрес за годишен одмор поголем од утврдениот со Општиот колективен договор, додека оние фирми кои имаат потешкотии во работењето во консултација со синдикатот на ниво на гранка може да утврдат исплата на К-15 во помал износ.

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013 година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1