На сметката во банка по грешка и легнале 4,6 милиони долари – Еве што направила со нив


Млада жена е уапсена на аеродром во Сиднеј откако наводно се обидела да побегне од земјата откако на торбата и останатите луксузни работи потрошила повеќе од милион долари кои не биле нејзини. Пред четири години на 21 годишната Кристина Ли, во банка по грешка во банка и биле легнати речиси 4,6 милиони долари, а таа никого не го известила за ваквата грешка.christine_face_05052016-625x400

Обвинета е дека во периодот меѓу јули 2014 година и март 2015 година во неколку наврати купувала различни луксузни предмети. Таа наместо да ја извести банката продолжила да ги троши парите. Студентката по хемиски инжинеринг, во моментот е фатена како наводно и должела на банката уште 3.3 милиони долари.

Откако се дознало дека полицијата се обидува да дојде до неа, таа набавила итен малезиски пасош за да замине во Австралија каде живее со нејзиниот дечко.

Таа тврди дека набавила итен пасош затоа што го изгубила својот, а сакала да ги посети родителите. Од притвор е пуштена со кауција од 1000 долари под строги услови, затоа што се сомничи дека би можела повторно да ја напушти земјата. Забранет и е патување преку море и воздух, а полицијата мора да ја контактира два пати дневно. Судењето би требало да започне на 21 јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1