На судењето за „Монструм“ се гледаше цеде од свадба


Последниот обвинет во судскиот процес за случајот „Монструм“, Сами Љута, за да докаже дека не е виновен за ликвидацијата кај Смилковското Езеро, на вчерашното судско рочиште го покажа цедето од својата свадба.

monstrum sudenjeОбвинетиот тврдеше дека не се точни изјавите на некои сведоци во врска со неговиот изглед, бидејќи на видеото се гледало оти тој како младоженец имал кратка коса, а свадбата била еден месец пред настанот кај езерото.

Адвокатите очекуваат дека Јавното обвинителство ќе најде начин да го повлече актот за обвинетиот Сами Љута.

Судскиот процес е пред крај и се очекува одлуката од Приштина за евентуална екстрадиција на првите двајца обвинети во „Монструм“ со што судењето би почнало одново.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1