Тепачка пред Веро Центар – 2 лица завршија на Ургентен


Тепачка меѓу две групи момчиња од албанска националност ја привлекла полицијата пред Веро Центар вечерва  во Скопје, јавува Прес 24.

Според информациите на  Press24 од полициски извори, две групи момчиња од скопско Батинци најпрво почнале расправија која брзо прераснала во тепачка.

vero centarИнцидентот се случил пред вратата на Веро Центар спроти Народната банка.

Бидејќи обезбедувбањето на Веро Центарот не можело да ги смири младите насилници било повикано полициско засилување.

На лице место пристигнале специјалните единици Алфа, а потоа тука пристигнале и неколку полициски возила и комбиња и веднаш ги привеле.

Во тепачката учествувале девет лица. Две се здобиле со потешки повреди и се префрлени во Урегентниот центар, додека останантите се приведени во полициската станица Центар и по расчистувањето на случајот ќе следат соодветни пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1