Има една цел – да стане ѓавол (Видео/Фото)


Зависен до тетоважи и модификации, британец потрошил 10.000 фунти за да личи на ѓавол. Негов идол е Белзебуб, митско суштество, кое во христијанството го споредуваат со ѓаволот.

video-undefined-1B65C65E00000578-962_636x358

Четириесет и три годишниот Гавин Паслоу, кој го сменил името во Диабло Деленфер, не планира да прекине со модификациите на своето тело. За себе вели дека е „ артист со модификации на телото“.

diablo_delenfer_01Сите операции и тетовирања ги направил без анестезија, а вели дека болката е само дел од неговата сатанска преобразба.

Тој има ставено импланти за да личат на рогови, јазикот му е поделен на две, а неговите очи се црвено-жолти баш како и ѓаволските.

„Знам дека ова е чудно и ексцентично, но таков сум јас“, изјавил тој за британски Дејли Меил.

Диабло појаснува дека почнал со модификации во 2009-тата година и дека досега потрошил околу 10.000 фунти.

„Не е евтино да си човек на ѓаволот“, вели тој додавајќи дека планира да си стави и опашка.

gavol-634x396

Диабло, кој е разведен и татко на две деца, истакнал дека многу му е тешко да најде жена која ќе го гледа под маската. Вели дека кога шета по улица некои се плашат од него, а некои се љубопитни и му поставуваат прашања за неговиот необичен лик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1