На Вардар имало ,,фраерска,, плажа – сме имале и туристи


Местата на реката каде што граѓаните можеле да се капат биле одредени со наредба од управата на градот.

plaza vardarКапењето било дозволено на просторот од мелницата на Јусуф Морина до електричната централа и водоводот на десната страна, а од мелницата на Јусуф Морина до Железничкиот мост капењето било забрането, пишува Утрински весник .

На одредени места можеле да се капат деца на возраст од 15 години облечени во костими, додека за деца под 15 години капењето било забрането. Родителите чии деца биле фатени на плажата, биле казнувани со одредена казна.

plaza vardar 2Посетата на плажите на реката Вардар, освен како потреба и навика, претставувало мода и начин на живот на скопските граѓани. Во летниот период, просторот од плажата кај аеродромот, па се’ до Ханриевиот железен мост бил преполн со капачи.

Плажите се разликувале според своите посетители. Градската плажа кај Идадија била монденска, а на Руска плажа се капеле газдите и побогатиот свет. На оваа плажа се надоврзувала Војничката плажа, па Турската плажа, Циганската плажа и на крај „Мангупската детска плажа“.

plaza vardar 3На градската плажа во 1936 година се појавил нудист, што било вистинска атракција. Нудистот бил некој неафирмиран млад лекар, кој заради реклама се одлучил на ваков начин да го привлече вниманието. Во 1932 година во Скопје било основано и првото нудистичко друштво. Во него членувале жени од угледни и богати фамилии.

Претседателка на друштвото била Ташана-Шана Виќентиевиќ, чиј сопруг бил сопственик на зградата на денешниот Клуб на писатели. Според сеќавањата на тогашните современици, членовите на ова друштво оделе со пајтони во Катлановска Бања, се капеле и се сончале на реката Пчиња, а не ретко и на реките Вардар и Треска на места што не биле посетувани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1