На Велешко езеро повеќе нема да може да се кампува


Нема да се кампува оваа летна сезона покрај езерото Младост.

Од локалната самоуправа на Велес велат дека поголем дел од просторот над патот има сопственици и се очекува за кратко да почнат градежни работи. Ќе се градат четири хотели и мотели.velesko

Во тек е јавен оглас за продажба на уште две парцели покрај Младост. На нив е предвидено да се градат хотелски комплекси.

Според урбанистичкиот план, објектите ќе имаат три ката и приземје.

Инаку на Младост моментално привршува поставувањето на потребната инфраструктура. Објектите се приклучени на водоводната мрежа а завршува изградбата на фекалната канализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1