Ова лето ќе нема камп приколки покрај езерото Младост. Општина Велес бара сопствениците да ги отстранат од сегашната локација.
Имаат рок од еден месец да ги тргнат камповите и да ги урнат поставените огради. Камперите се револтирани, бараат локалната самоуправа да им најде нов простор околу езерото.
Од општина Велес велат дека просторот се расчистува оти на тие локации е предвидено да се градат хотели, мотели и автокамп. Парцелите веќе се продаваат и за кратко време ќе се знаат нивните сопственици.
Пред еден месец беа отстранети камповите кои се наоѓаа покрај езерскиот брег. Тогаш од општината најавиа дека тоа се прави оти е предвидено уредување на крајбрежјето.