На Велешкото езеро нема повеќе да се кампува – избркани камперите, ќе се тргаат приколките


Ова лето ќе нема камп приколки покрај езерото Младост. Општина Велес бара сопствениците да ги отстранат од сегашната локација.

veleskoИмаат рок од еден месец да ги тргнат камповите и да ги урнат поставените огради. Камперите се револтирани, бараат локалната самоуправа да им најде нов простор околу езерото.

Од општина Велес велат дека просторот се расчистува оти на тие локации е предвидено да се градат хотели, мотели и автокамп. Парцелите веќе се продаваат и за кратко време ќе се знаат нивните сопственици.

Пред еден месец беа отстранети камповите кои се наоѓаа покрај езерскиот брег. Тогаш од општината најавиа дека тоа се прави оти е предвидено уредување на крајбрежјето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1