Двата проектили испукани синоќа најверојатно од рачен фрлач завршиле во источната фасада на влафината зграда. Проектилите направиле огромна дупка и завршиле во внатрешноста, пренесува порталот Проверено.
Според информациите од МВР експлозиите ги пријавил вработен во обезбедувањето. Двата проектили од поголем калибар се предадени на вештачење а полицијата трага по лицата кои го извршиле нападот и утврдување на мотивите.
– Безбедноста е на потребното ниво, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
МВР: Се утврдува типот на оружјето од кое е пукано кон Влада и се бараат сторителите