На YouTube најбарани се катастрофите и револуциите


Цунамито кое минатата година ја погоди Јапонија, изборите во Русија и политичките превирања на Блискиот Исток беа меѓу најпопуларните видеа гледани од корисниците на YouTube изминативе 15 месеци.

Ова го покажала една студија од страна на истражувачката организација „Project for Excellence in Journalism“ на американскиот истражувачки центар „Pew Research Center “.
“Податоците покажуваат дека на YouTube дошло до развој комплексен, симбиотски однос помеѓу корисниците и објавувачите на вести, однос кој речиси може да се опише како „дијалог“ кој според многумина, се најавува како нова форма на онлајн новинарството“, тврдат од американскиот истражувачки центар.

Сепак, од таму предупредуваат дека кредибилитетот на објавени видео содржина е без дозвола, што создава потенцијал за лажирање на вести, без да се открие кој ги направил и без можност да се провери нивната веродостојност.

Интересот на корисниците не секогаш е поврзан со одредена личност. Најмалку 65 проценти од најгледаните видеа не содржи поединечна личност туку настан.
Гледачите најмногу ги гледаат истите прилози или приказни кои веќе ги виделе на телевизија. Најголем дел од нив се однесуваат на природни катастрофи. Во низата најпопуларни се темите за надворешна политика, економијата, здравството и светот на бизнисот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1