На живо не дерат: За долг за парно 9.000 – платил 9.000 ден плус за извршител и камата


Имал долг од 9.000 денари за неплатени сметки за парно греење, за кои му стигнало извршно решение, според кое требало да плати двојно поголема сума, раскажува граѓанин за Телеграф, кој се жали на високите трошоци за извршување што морал да ги плати, за да го расчисти долгот.

dolg izvrsitel dokument– Долгот беше 9.000 денари, а заедно со извршните трошоци, вкупната сума за плаќање – 18.000 денари. Но, видов, не видов, си ги платив. Навистина, ги отплатив на пет рати, како што успеав да се договорам со извршителот – раскажува граѓанинот

Неговиот долг би стар две години, период во кој му се пресметувала камата, но според него, таа сума не била висока.

Друг граѓанин, кој го покажал и налогот за извршување што деновиве му стигнал, ја раскажува неговата мака. Тој моментално е задолжен со налог за извршување, поради долг кон банка, исто така стар две години.

– Износот на долгот, заедно со затезната камата, што ми ја пресметувале речиси две години наназад, од мај 2012 година, е 16.536 денари. На тоа ми имаат„накалемено“ 2.700 денари нотарски трошоци и околу 7.000 денари трошоци за извршување. Во нив влегуваат административни и материјални трошоци, такса и награда за извршителот, адвокатски трошоци и 18 проценти данок. Значи, вкупно имам за плаќање 26.262 денари, од кои 160 евра се разни трошоци – вели револтирано овој граѓанин.

Претседателот на Комората на извршители, Гордан Станковиќ, вели дека граѓаните се во заблуда, кога се жалат дека треба да им платат огромни трошоци на извршителите.

Во однос на сведочењата на граѓани на кои долгот им бил неколкукратно зголемен во извршната постапка, тој вели дека овој проблем почесто се јавува кај долгови со помали износи, до 500 евра.

На ваков начин, кога за долг од 5.000 денари, за кој пет години се пресметувала камата, ќе се пресметаат и адвокатските трошоци и нотарските трошоци по поднесената тужба и трошоците за материјално работење (кон пошта, катастар, банките, Кибс), вкупната сума за наплата може да се зголеми четири до пет пати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1