Началник од граничниот премин Блаце снимен како прима поткуп


Началник на полиција фатен на дело како зема мито од патници за минување на граничниот премин „Блаце“.
Случајот во јавноста го обелодени ТВ Клан-Албанија, откако анонимен превозник на патници се пожалил дека услугата што треба да е бесплатна, некои граничари на македонско-косовската граница ја наплаќале по 20 евра од човек. Вели дека имале многу проблеми со македонската гранична полиција. Според неговите тврдења, претходно тарифата била 50 евра, а сега 20 евра за превезен патник.

Екипа на Клан-Албанија со скриена камера сними како граничната полиција и од нив бара по 20 евра од човек за да минат границата без проверка на документите.

Случајот беше откриен вчера откако новинари на албанската ТВ Клан одлучиле со скриена камера да понудат мито на началникот, по добиените информации од албански превозник превозник од дека постојано плаќа за премин на македонската граница на преминот Блаце.

Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција.

Ви бараат ли мито?

Не само мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило.

Кога пристигнале на граничниот премиен, новинарите кажале дека се двајца возачи и 6 патници.. Полицаец ги упатува во канцеларијата на начлникот, а таму почнува пзарењето колкава треба да биде тарифата за албанските државјани да може да ја поминат границата без проверки..

Граѓанин: Ќе ми средиш секогаш да биде 20, не 30 евра?

Полицаец: По 20 евра за него?

Шеф: Колку луѓе се?

Полицаец: 8 се. 2 возачи, 6 луѓе се негови.

Шеф: И како ќе средиш?

Граѓанин: Ајде да се договориме, колку вкупно? 120 евра, ќе ни простиш еден?

Шеф: Не, не ти простувам еден или двајца, бидејќи јас никогаш немаше да ти завршам работа со 20 евра, но ајде кога веќе рече тој по 20 (мисли на полицаецот)…

Полицаец:20 евра е стандардот…

Шеф: Толку, крај на муабетот…

Полицаец: Ајде, ајде дај уште 20…

Шеф: Ова е минимумот… ајде. За овие кога и да дојдат ќе биде по 20 евра. Во ред, ајде завршено.

Неофицијално, освен началникот и инволвираниот полицаец, има сомнежи дека во шемата за земање мито биле вклучени и други лица, но деталите се очекуваат откако ќе завршат истражните дејства на МВР и Обвинителството..

Од МВР велат дека внатрешна контрола го истражува случајот, што треба да открие дали можеби се вклучени повеќе лица.

За началникот на полицијата, кој зема мито за минување граница јавуваат и медиумите од регионот.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

-Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници, информира МВР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1