Повеќе од 200 деца се затруле со храна во неколку основни училишта во Белград и сите се наоѓаат во стабилна состојба.
Поголемиот дел од децата се пуштени на домашно лекување, додека околу десетина од нив се задржани во болница, јавуваат тамошните медиуми.
Според неофицијалните информации, причината за масовното труење на децата најверојатно е ручекот кој го јаделе во дневниот престој, бидејќи тие училишта имаат ист добавувач на храна.
Според докторот на Детската клиника, Зоран Радојчиќ, сите деца имале исти симптоми- повраќање, дијареа и дехидрација.