Духот на Чавес се појавил пред работници во метро


Духот на поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавес им се појавил на работници во метрото во венецуелскиот главен град Каракас, јавија западни медиуми.

cavez2Информацијата ја соопшти лично актуелниот шеф на државата Николас Мадуро.

Тој дури ја поткрепи со фотографија за необичниот феномен. Фотографијата била направена од еден од работниците кои го виделе ликот на Чавес.

Во април во предизборната кампања за претседателските избори, Мадуро објави дека духот на Чавес кој почина на 5 март од рак, му се јавил под формата на птица. Во јуни Мадуро сподели со жителите на Венецуела дека Чавес му се појавил од планините во околината на Каракас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1