Над 250 затруени со храна во Смедерево


772557-hamburgerНад 250 луѓе побарале медицинска помош во српскиот град Смедерево поради симптоми на труење со храна, јавуваат локални медиуми.

Министерството за здравство соопшти денеска дека меѓу затруените има над 200 деца. Околу 40 луѓе се хоспитализирани, а на останатите им е дадена алмбулантска помош.

Според првични информации, причина за масовното труење е бактериолошко неисправно месо за плескавици и пици кои се продавале на неколку места за време на традиционалниот фестивал Смедеревска есен, посветен на грозјето и виното.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1