Над 4.000 фирми, јавни претпријатија и физички лица се најдоа на најновата листа на УЈП.
Во горниот дел на листата на јавните претпријатија се наоѓаат ЈП Македонија пат, Македонски шуми, Јавното претпријатие за комунални дејности – Гостивар, Јавно комунално претпријатие – Тетово, Македонската радио-телевизија и Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.
На листата се и државните загубари ОХИС и „Емо“ од Охрид, но и компании кои сево стечај.
Меѓу должниците се и продикциски и медиумски куќи како и консалтинг и адвокатски дружатва.
На листата се компании и поединци кои имаат доспеани долгови до 29.02.2016 година и не ги платиел до 31.05.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.